Почина Иван Андреевски, познат новинар и уредник во Македонската телевизија, познат и како Иван Маче.
Роден е на 25 јуни 1947 година, во Доленци, Демирхисарско.
Завршил студии по политички науки во Белград и од 1971 година стапил на работа во Македонската радиотелевизија, како нејзин стипендист. Работел на репортажи, документарни филмови, фељтони.
Бил директор и одговорен уредник на Телевизија Скопје (1986-1990); ангажиран од Ројтерс, Слободна Европа, Јутел и како претседател на Здружението на новинарите на Република Македонија.
Од 2006 година бил член на Советот за радиодифузија.