Славчо Попоски објави дека силно невреме беснее во регионот и бранот се движи кон Македонија.
,,Добој, Босна и Херцеговина во овој момент ⛈🌩⛈ Силното невреме се шири во регионот и ќе ја зафаќа и Македонија во следните денови!, објави Попоски.
За невремето објави и Владо Спиридонов, Доктор по Метеорологија.
Актуелна состојба со молњи и грмежи во SEE Европа. Алатката процени Ниво-4 со многу висок ризик од невреме во источните делови од БиХ и северозападна Србија. Истотака беше предочено дека е можно иницирање и на суперќелиски бури.
За жал тоа се случи, силно невреме во овие области со крупен град (извор: Денис). Радарската слика превземена од РХМЗС, упатува на радарска рефлексивност над 60 dBZ што значи многу моќни Cb облаци.