Последна вест од Тетово: Се бара исклучување на струјата во градот, поплавени се голем број куќи и објекти

Силно невреме со град во Тетово, после неколку недели, а попладнево дожд и во Скопје.

Во моментов тетовските улици се полни со вода, а повеќе од 100 подруми и куќи се под вода.

Командирот на тетовската против пожарна единица Авни Амети во изјава за Телма рече дека сите екипи се на терен.

Во неколку наврати интервенирале во извлекување на луѓе и поплавени возила.

Издадена е препорака да се исклучи комплетно електричната енергија во градот за да не дојде до  предизвика струјни удари и жртви во поплавените објекти.

Тетовската ТППЕ апелира сите кои планираат да се упатат кон Тетово да го одложат своето патување поради големите поплави на приодите и влезот кон градот.

Извор и фото: Телма телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде