Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужниот брег на Перу

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Перу во 5:36 часот по средноевропско време, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 30 километри југо-југозападно од Атикуипа, Арекипа.

Земјотресот се случи на длабочина од 60 километри.

Засега нема информации за штети и повредени.

Издадено е предупредување за цунами.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде