Поминаа скоро девет месеци од ненадејната смрт на познатиот македонски пејач и композитор Далибор Даки Ѓошиќ.
Далибор имаше 41 година и зад себе остави малолетно дете, а неговото ненадејно заминување беше шок за многумина.
Тој ќе остане запаметен по неговите бројни песни, но и како колега кој беше сакан од сите и голем другар, секогаш спремен да помогне секому.
Неговата прерана смрт ги потресе сите, посебно што никој не знаеше дека е болен. Неговото заминување остави длабока празнина и во македонската култура, посебно во музиката, бидејќи тој беше и автор на бројни убави песни со народен дух.
Сепак, најтешко им е на најблиските, за кои болката нема никогаш да помине, за што сведочи и сестрата на Далибор, Ива Ѓошиќ.
„Многу жално и многу болно. Славејот ни пее, а мене душата ме боли. Почивај во мир ангелу незаборавен“, пишува во еден од коментарите на профилот Ива на социјалните мрежи…
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Извор: Гламур