Силно невреме беснее во регионот, најавено и за во Македонија

Невремето кое ја зафати Словенија стигна до Хрватска и се шири кон Босна и Херцеговина, а метеоролозите за попладне и утре најавуваат можна грмежи со засилен ветер и град.

Силниот ветер урна дрвја и канти за ѓубре во Загреб и доведе до сообраќаен метеж.

Во Запрешич падна град, со силни налети на ветер и силен дожд.

Според метеоролозите, нестабилно ќе биде и утре, и многу посвежо од денеска.

Невреме во Македонија најави и Славчо Попоски.

Почитувани, утре бидете крајно внимателни – Очекуваме ново посилно невреме!, напиша Попоски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде