Силното невреме пристигна во Црна Гора, еве што во моментот се случува таму

Силно невреме во Црна Гора создаде бројни проблеми, во Подгорица паднатите гранки го отежнуваат сообраќајот, додека центарот на Будва е под вода, бидејќи новиот атмосферски канал не го реши проблемот, пренесува Вијести.

Од „ТК Плаза“ во Будва велат дека состојбата е полоша отколку пред реконструкцијата на улицата на 22 ноември, каде во моментов низ таа недовршена улица течат струи на вода.

Невремето не ја поштеди ниту Подгорица, каде паднатите гранки од дрвја го отежнуваат сообраќајот речиси по целиот булевар Свети Петар Цетињски.

Улицата е под вода, а проблемите со поплавите се уште поизразени, велат за „Вијести“. Деловниот трговски центар TQ Plaza е особено на удар.

Водата го поплави целото шеталиште, бидејќи каналот што е изграден завршува токму кај поштата, а не оди во морето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде