Тешка сообраќајна несреќа, едно лице го загуби животот

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која доцна синоќа околу 20 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Ресен кај село Куратица.

Првичните информации се дека во несреќата учествувале мотоциклист и автобус.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, синоќа потврди дека имаат пријава за случена сообраќајна несреќа на овој патен правец.

Полициски екипи извршија увид на местото на несреќата.

Сообраќајот на магистралниот пат беше во прекин, а повторно беше нормализиран околу 22 часот и 15 минути. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде