Утре претпладне, по некои котлини ќе се појави магла, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопшти УХМР.
Во сабота попладне и навечер, како и во недела, ќе се очекува промена на времето под влијание на влажен бран.
Ќе има променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
На планините, а во недела и на некои повисоки места, врнежите ќе бидат од снег.
Во недела попладне и понеделник се прогнозира засилен северен ветер.