Голема трагедија го потресе светот: Се судрија камион и автобус, најмалку 15 лица загинаа

Најмалку 15 лица загинаа во судар на камион и автобус денеска на автопат во јужна Боливија, јавија светските агенции, повикувајќи се на локалната полиција.

По сударот камионот го истуркал автобусот надвор од автопатот, кој се превртел 500 метри по провалија.

Деветнаесет повредени лица се пренесени во локална болница, соопшти полицијата.

Спасувачите трагаат по телата на загинатите. Возачот на камионот е уапсен, а се истражуваат причините за несреќата.

Несреќата се случи само неколку дена откако речиси 40 луѓе загинаа во истата област во судар на два автобуси.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде