Во тежок верижен судир во кој учествувале три автомобили, што се случи утринава околу 01:30 часот на Државниот пат 1Б, Текија – Кладово, на граничниот премин Ѓердап, загинаа осумгодишно дете и две возрасни лица.
Во сообраќајката кај Милановац, покрај детето, животот го загубија и двајца возачи. Четири лица се тешко повредени.
Според првичните и неофицијални информации, несреќата наводно дошло поради пребрзо возење, а загинале возачот на автомобилот со кладовски регистерски таблички, како и романски државјани – еден возрасен и едно дете.
Наводно, возачот на еден од автомобилите возел пребрзо и преминал на спротивната лента.
Истрагата траеше долго, а сообраќајот за тоа време се одвиваше отежнато на таа делница од патот. Наредена е обдукција.
