УХМР утрово со најнова прогноза: Денеска сончево, но доаѓа влажен бран – еве кога ќе има врнежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Од средината на седмицата ќе има зголемена облачност и услови за локална појава на попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде