УХМР утрово со предупредување: Невреме во Македонија со врнежи од град

Сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Од понеделник ќе продолжи период на стабилно и претежно сончево време со пораст на температурите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде