ВОНРЕДНО: Невреме во Македонија – можни се поплави

Плиткиот циклонски систем кој се наоѓа над Туренско Море, во текот на денешниот ден полека ќе се поместува источно и југоисточно, односно кон Јонското Море.

Тому ова ќе услови ново поголемо дестабилизирање на атмосферата кај нас и формирање на фронтални влажни бранови.

Во ваква ситуација, денес на многу места во државата ќе се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилноста.

По нестабилното време со дожд и грмежи и опасноста на поплави, за време на викендот не очекува стабилизација на временските прилики, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Иако денеска и утре попладне повторно може да има појава на локален пороен дожд, грмежи и невреме со засилен ветер и евентуален град, за викендот времето ќе се смири.

– Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо, со умерен, повремено засилен северен ветер – велат од УХМР.

Температурите во сабота и недела ќе се движат до 34 степени, а од понеделник повторно следува вистински топлотен бран.

Очекувајте стабилно, претежно сончево и сè потопло време, со дневни температури кои ќе се искачат и до 38 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде