Уште еден земјотрес го стресе охридскиот регион
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 степени е регистриран ноќеска во пограничното
епицентрално подрачје со Албанија, на јужниот дел на Охридското Езеро, на околу 120 километри југозападно од Скопје.
Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека, според досегашните податоци,
земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Во охридскиот регион минатата недела беа регистрирани серија земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
