40-годишен возач на мопед е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на Матка.
– На 06.07.2025 околу 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Матка,скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки,
управувано од Д.К.(63) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван Б.Д.(40) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, известија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
