Славчо Попоски со најнова вест: Еве кога да очекуваме врнежи од снег – објавена мапа

Во изминатите 72 часа територијата на нашата Република Македонија беше под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот кои условија да имаме чести и обилни врнежи од дожд повремено проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер  од јужен и од југоисточен правец. Повремено овие процеси беа застапени во форма на невреме.

Најмногу дожд во изминатите 72 часа наврна во Охрид  и тоа 66 литри дожд на метар квадратен. Исто така многу дожд наврна  и во Гевгелија  и тоа 62 литри дожд на метар квадратен.

Локално значително количество на воден талог во литри на метар квадратен наврна  и во другите места и градови во нашата Македонија.

Славчо Попоски најавува снег во Македонија.

Малку подолгорочно, многу снег цртаат прогностичките модели на Балканот околу 25 ноември, ја следиме состојбата и секако се работи многу неофицијална анализа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде