Овие граѓани денеска да си ги проверат сметките – ќе има прилив на средства

Започна исплатата на пензиите за месец март, а средствата веќе се достапни на сметките на пензионерите.

Според информациите, дел од банките ја реализираа исплатата и пред законскиот рок, па голем број пензионери веќе можат да располагаат со своите пари преку банкомати, шалтери или електронско банкарство.

Инаку, мартовската пензија е зголемена за 1.000 денари за сите корисници, согласно донесената одлука, а редовната исплата беше најавена за 1 април.

Надлежните апелираат исплатата да се врши непречено и без застои, со цел пензионерите навремено да ги добијат своите средства.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде