Страотна автобуска несреќа го потресе регионот – има загинати и повредени

Пет лица загинаа, а 14 се повредени во тешка автобуска несреќа кај Анкара, откако возилото удрило во столб од пешачки надвозник.

Во тешката автобуска несреќа што се случи кај Анкара загинаа пет лица, а 14 се повредени, покажуваат најновите информации од турските медиуми.

Автобусот, кој сообраќал на релација Анкара–Кизилџахамам, излетал од патот и удрил во столб од пешачки надвозник, по што е отворена истрага, а сопственикот на возилото е приведен.

Според локалните медиуми, отворена е истрага, а според соопштението на обвинителството, сопственикот на автобусот е приведен.

Според нив се наведува дека кај возачот недостасувале дел од документите што требало да бидат доставени во постапката за вработување и почеток на работа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде