Шокантни сцени од Турција: Маж со пушка влета во училиште, децата бегаат

Во Шанлиурфа, на југот на Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, кога вооружен маж наводно влегол во училишната зграда и отворил оган од пушка.

Според „Дејли меил“, најмалку 18 лица се ранети, вклучувајќи и ученици.

Турските медиуми наведуваат дека напаѓачот е поранешен ученик на училиштето и дека извршил самоубиство.

Локалните медиуми неколку моменти претходно објавија дека напаѓачот останал во училишната зграда по пукањето, како и дека држел некои од учениците како заложници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде