Патувате со деца во Грција: Внимавајте на ова правило зашто казните се до 3.000 евра

Грција има строги правила во сообраќајот, а посебно за заштита на децата од пасивно пушење.

Доколку полицијата запре возач или патник да пуши во возило во кое се наоѓа дете помладо од 12 години, тогаш ќе биде изречена висока казна.

За овој прекршок се предвидува парична казна од 1.500 евра во приватен автомобил, додека во службено возило или изнајмено се плаќа казна до 3.000 евра.

Исто така, возачот останува без возачката дозвола на еден месец без разлика кој запалил цигара.

Овие правила важат и за туристите, не само за грчките државјани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде