Во страотна сообраќајна несреќа загина легендарниот фудбалски голман

Поранешниот голман на Ливерпул, Арсенал и Јувентус, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа во четврток.

Поранешниот голман на австриската репрезентација почина на 49-годишна возраст на необезбеден железнички премин, соопшти локалната полиција.

Неговиот автомобил бил удрен од воз на локалната железница, а ударот бил толку силен што возот го турнал возилото стотици метри по шините.

Лекарите ја прогласиле смртта на некогаш врвниот спортист набргу по пристигнувањето на местото на настанот.

Манингер беше клучна фигура во освојувањето на двојната круна за Арсенал во 1998 година, кога брилијантно го замени повредениот Дејвид Симан.

Подоцна, тој беше сигурна поддршка за Џанлуиџи Буфон во Јувентус многу години, а играше и за Салцбург, Грацер, Еспањол, Торино, Болоња, Сиена, Фиорентина, Удинезе, Аугсбург.

Ја заврши кариерата во 2017 година во Ливерпул, каде што им помагаше на младите голмани под водство на Јирген Клоп.

Тој одигра 33 натпревари за репрезентацијата, а беше учесник и на Европското првенство во 2008 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде