ОГРОМНА ТАГА: Пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ почина од срцев удар

Српските медиуми пред малку објавија тажна вест – ненадејно почина пејачот Саша Катанчиќ, кого публиката го запозна преку популарните музички натпревари „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинкови ѕвезди“.

Според првичните информации, причината за смртта е срцев удар.

Катанчиќ со години ја градеше својата музичка кариера настапувајќи во клубови, на приватни веселби, како и пред публиката во дијаспората. Важеше за пејач со богат репертоар и препознатлива енергија, а неговите настапи секогаш беа исполнети со емоции и добра атмосфера.

Поголема популарност стекна преку учеството во „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинкови ѕвезди“. Иако не стигна до финалните кругови, публиката го запамети по харизмата и специфичната боја на гласот.

Во 2013 година беше дел и од реалното шоу „Фарма“, каде што се покажа како мирен, сталожен и вреден човек. За разлика од многумина, избегнуваше конфликти и се трудеше со песна да ја подобри атмосферата меѓу учесниците.

Оние кои го познаваа велат дека Саша бил скромен човек, посветен на музиката и семејството, а надвор од сцената водел повлечен живот.

Посебно остана запаметен и по зборовите на Харис Џиновиќ, кој своевремено откри дека Саша долги години бил негов клавијатурист, истакнувајќи ја неговата професионалност и талент.

Неговата смрт претставува голема загуба за музичката сцена, а колеги, пријатели и обожаватели се простуваат од него со емотивни пораки на социјалните мрежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде