Следува голема промена на времето – познатиот метео-прогнозер со најнова вест

Фото: Илустрација

Прогностичките материјали, односно прогностичкиот модел (ECMWF) Европски центар за Среднорочна прогноза повторно ни црта дека веќе од вторник 21 април 2026 во Македонија како и во поширокиот дел од Балканот и Европа

повторно ќе ни се спушти значително поладен воздух од север кој ќе ги спушти температурите на воздухот дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаме сега и тие во текот на следната седмица ќе бидат под просекот за месец април.

Исто така во нашиот дел од Европа особено вторник и среда 21/22 април 2026 ни носи на повеќе места и врнежи од дожд а поради заладувањето има услови на највисоките планински места кај нас повторно да имаме послаби врнежи од снег. Сето ова ќе ни биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе ни биде засилен на интензитет.

Температурите особено во вторник и во среда 21/22 април 2026 кај нас во Македонија на многу места нема да надминуваат 15 степени а на повеќето места тие ќе се задржат околу или малку над 10 степени преку ден а ќе има места каде температурите  и преку ден нема да надминат 10 степени.

Наутро пак во текот на следната седмица особено на повисоките населени места  и на планините температурите има услови да се спуштат дури и под нулата со што ќе има услови за појава на слаб мраз.

Метео анализа на Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде