Видео кое се шири на социјалните мрежи наводно прикажува инцидент во кој членови на навивачката група „Чкембари“ од Битола пресретнуваат возилo на пат и напаѓаат засега непознати лица.
Според видеото, кое не е официјално потврдено, во инцидентот биле употребени тврди предмети, а се забележува и користење на пиротехнички средства.
Засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи ниту информации за повредени лица или приведени учесници.
Од надлежните институции се очекува да излезат со детали и да утврдат дали станува збор за вистински настан, како и околностите под кои се случил.
Граѓаните на социјалните мрежи повикуваат на одговорност и санкции доколку се потврдат наводите.

