Утрово врнежи од снег во овие делови од Македонија

Во текот на денешниот ден снег ќе паѓа на планините во западна Макдонија, главно над 1500 метри надморска височина.

Вистинска зима утрово има на Шапка. Пaѓа снег со умерен интензитет, а температурата се спушти на 0°C.

Снег ќе продолжи да паѓа и во текот на денот, а температурата нема значително да се менува.

Снежната граница моментално се наоѓа на околу 1500 метри надморска височина.

Со оглед на тоа што на југот се очекуваат пообилни врнежи, на планините може да наврнат и до 10 см снег.

Слаб снег се очекува и во среда наутро на планините во јужна Македонија , по што следува престанок на врнежите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде