Страотна сообраќајна несреќа – младо момче итно пренесено во болница

Младо момче на 22 години се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Скопје, во населбата Ѓорче Петров.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 20 април околу 15:45 часот на улицата „Ѓорче Петров“. Во судирот учествувале патничко возило „фолксваген голф“, управувано од М.Н. (43) од село Крушопек, и мотоцикл управуван од А.Р. (26) од Скопје.

Во незгодата, сопатникот на мотоциклот, Б.М. (22) од Скопје, се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на мотоциклот се здобил со полесни повреди. Повредените биле пренесени и згрижени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје, а се работи на утврдување на причините за несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде