Возач починал на среде улица во населбата Маџари, на патот кон Кванташки пазар, откако претходно успеал да го запре возилото што го управувал.
Според првичните информации, причината, се претпоставува дека е здравствен проблем.
Неофицијално, случајот бил пријавен од минувачи, по што на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош.
И покрај интервенцијата, лекарите не успеале да го спасат. Неофицијално, лицето има околу 60 години.
На местото пристигнале полициски екипи и извршиле увид, по што ќе бидат познати повеќе детали за причините за смртта.

