Падна одлука: Познато колку години затвор доби Стојанче Јовановски

Кривичниот суд го осуди Стојанче Јовановски на 12 години казна затвор.

Тој беше обвинет за три кривични дела меѓу кои и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана која скокна од зграда заедно со шестгодишната ќерка Катја.

Јовановски е обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство,

загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот.

Тој негираше дека трагедијата е последица на неговите постапки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде