Несреќа доцна синоќа во Македонија – интервенираше пожарна

Автомобил се запали синоќа во скопската населба Кисела Вода, според снимка објавена на социјалните мрежи.

На видеото може да се забележи густ чад кој се издига од возилото, додека на местото на настанот пристигнало противпожарно возило.

Според објавата, пожарот избувнал во вечерните часови, а интервенцијата се одвивала на улица во чија близина имало паркирани автомобили.

Засега нема официјални информации за причините за пожарот, ниту дали во инцидентот има повредени лица.

Од снимката се гледа дека пожарникарите интервенирале на терен додека чадот се ширел во околината.

Повеќе детали се очекуваат по официјална информација од надлежните служби.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде