УЖАС: „Голф“ прегази две лица-пешаци

„Голф“ прегази две лица-пешаци во Топанско Поле. Жената е пренесена на лекување на клиника. 

– На 09.05.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Аугуст Цезарец“ во Скопје,

патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(51) од Скопје, удрило во двајца пешаци – 57-годишната Ф.С. и А.Т.(27), двајцата од Скопје, соопштија вчера во дневниот билтен на МВР. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.С., а со телесни повреди А.Т., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде