Стигна предупредување: Денеска невреме во Македонија

Фото: Илустрација

​Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди претпладне, додека попладне ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Особено предупредување се издава за силен западен ветер кој на места ќе достигнува брзина и над 80 km/h. Максималните температури ќе се движат во широк интервал од 18 до 31 степен.

​Во Скопје времето ќе биде слично, со сончеви периоди и попладневни услови за краткотраен дожд и грмежи. Температурата во главниот град ќе се искачи до 28 степени, со слаб до умерен ветер од променлив правец.

​Стабилноста на времето ќе изостане и во наредниот период. По променливата среда, од петок и за време на викендот се очекува дестабилизација со поинтензивни процеси во форма на невреме.

На места се можни силни електрични празнења, интензивен дожд и појава на град, поради што се препорачува зголемена претпазливост при движење на отворено.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде