(ВИДЕО) Се судрија два камиони, еден возач загина: Страотна несреќа го потресе регионот

Автопатот од Нови Сад кон Белград беше затворен поголемиот дел од денот, по тешката сообраќајна несреќа во близина на Стара Пазова, во која загина возач на камион. Сообраќајот е пренасочен по алтернативни патишта. Поради оштетување на цилиндрите со гас, постоеше опасност од експлозија, па возилата беа пренасочувани.

Како што информираа српските медиуми, пожарникари со неколку возила беа на терен, додека припадници на полицијата и службата за влечење беа присутни, и тие отстранија делови од оштетените камиони.

Патишта на Србија објавија во 18:40 часот дека сообраќајот на таа делница конечно се врати во нормала.

Додека автопатот беше блокиран, се формираа колони од товарни и патнички возила.

Објаснувањето од пожарникарите беше дека постоела опасност од експлозија.