Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторна комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за цените на бензините и дизелот, по продолжувањето на владините мерки кои се однесуваат на горивата.

Влада на Република Северна Македонија на вонредна седница одлучи мерките да останат во сила до 1 јуни, со цел да се задржат постабилни цени и да се намали товарот врз граѓаните и компаниите.

Мерките предвидуваат и натаму да важи намаленото ДДВ за горивата, како и пониските акцизи за бензинот и дизелот.

Според владините проценки, ваквиот пристап треба да помогне домашниот пазар да остане поконкурентен во споредба со земјите од регионот.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека продолжувањето на мерките има за цел да се задржат пониски цени за граѓаните во услови на нестабилности на светските енергетски пазари.

Новите малопродажни цени на горивата РКЕ традиционално ги објавува во текот на денот, а тие стапуваат на сила од полноќ.