Трагедија го потресе спортскиот свет: Во страотна несреќа загина млад кошаркар

Израелскиот кошаркарски репрезентативец и играч на Hapoel Galil Elyon, Raz Adam, загина во сообраќајна несреќа, јавуваат тамошните медиуми.

Кошаркарот во моментот на смртта имал само 26 години. Според информациите од израелските медиуми, до несреќата дошло при судир на два автомобили. Други загинати немало, додека еден 39-годишен маж се здобил со повреди.

Адам, како што се наведува, во тој момент патувал на тимска вечера на својот клуб.

Веста за неговата смрт длабоко ја потресе израелската спортска јавност, а по повод трагедијата се огласи и претседателот на израелската кошаркарска лига, Ari Steinberg.

„Ја примивме веста за смртта на Раз Адам и останавме шокирани и длабоко потресени. Ова е тажен ден за израелската кошарка. Во име на лигата сакам да изразам искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и Хапоел“, порача Штајнберг.

Смртта на младиот кошаркар предизвика бројни реакции и пораки со сочувство од спортскиот свет.