Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер.
Како што информира УХМР, во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во вторник и среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали и релативно стабилно, а од четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

