Силното невреме што ја погоди западна Србија попладнето остави зад себе драматични сцени, а една од највпечатливите е забележана во Крагуевац.
На социјалните мрежи се појави видео од населбата Пивара, на кое се гледаат автомобили како пловат, небаре се чамци, низ поплавените улици.
„Моментална состојба во Пивара: Венеција во српска верзија“, се наведува во описот на видеото што кружи на социјалните мрежи.
Според најновите информации од Републичкиот хидрометеоролошки завод, до крајот на денот се очекува променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд и локални врнежи од дожд придружени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од запад и северозапад.
Во некои подрачја се можни поинтензивни системи на грмотевици придружени со град, пообилни врнежи од дожд и силни налети на ветер.
