Тажната вест ја споделија од Фудбалската школа Гроздановски.
Со голема тага и неверување ја примивме веста за заминувањето на Петар. Дете и наш член одреден период во нашата школа кој зад себе остави неизбришлива трага, добрина и спомени кои вечно ќе живеат меѓу сите што го познаваа.
Во овие тешки моменти изразуваме најискрено сочувство до неговото семејство, неговиот брат Марко, роднините и пријателите.
Нека му е вечна слава и вечен помен.
Почивај во мир Петар.
