ВИДЕО: СТРАШНО НЕВРЕМЕ ги зафати овие делови на регионот

Силно грмотевично невреме ги зафати делови од Јадранот, а по Задар, во раните попладневни часови се премести кон поширокото подрачје на Сплит. Големата количина дожд за краток период предизвика поплава во повеќе делови од градот, а улиците на места беа целосно поплавени.

На одделни локации наврнало повеќе дожд отколку што во просек паѓа во текот на целиот јуни, месец кој климатски веќе се смета за летен. Обилните врнежи донесоа и нагло намалување на температурата, понекаде и за околу 10 степени.

До 12:30 часот, во подрачјето на Солин наврнале околу 50 литри дожд на квадратен метар. Потоа силното невреме го зафати Сплит и околината, каде што бројни сообраќајници завршија под вода.

Полицијата од сплитско-далматинското подрачје ги повика возачите на голема претпазливост, нагласувајќи дека патиштата се мокри и лизгави. Поради локалните поројни дождови можно е задржување на поголеми количини вода на коловозите, како и појава на одрони.

Според локалните известувања, во Сплит и Солин биле примени дојави за излетани шахтовски капаци, како и за одрон на Стариот клишки пат. Надлежните служби се на терен и работат на санирање на последиците од невремето.

Во Сплит, еден од омилените летни центри на многу Македонци, сликата била драматична: поплавени улици, заглавени автомобили и значително отежнат сообраќај. На влезот во градот од правец на Стобреч се возело со брзина од околу 20 километри на час, а видливоста била многу слаба поради силниот дожд.

Возачите се советуваат да возат внимателно, да ја прилагодат брзината кон условите на патот и да избегнуваат делници каде што има поголемо задржување на вода.