Експлицитни фотографии од малолетничка биле споделувани на Интернет.
Случајот во полицијата го пријавила мајката.
На 8 јуни 2026 година во 16:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријавила дека на мобилна апликација биле споделувани експлицитни фотографии од нејзината малолетна ќерка, стои во денешниот полициски билтен.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

