Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во Грција, на делницата од автопатот што води кон Солун.
Во директен судир помеѓу патнички автомобил и камион, животот го загуби едно лице, а сообраќајот на овој патен правец е во тотален прекин и веќе се формирани огромни километарски гужви.
Несреќата се случила веднаш по наплатната рампа Малгара, во близина на клучката кај Еврони. Според првичните и сè уште неофицијални информации, до уривањето дошло кога автомобилот со својата задна лева страна директно удрил во тешкото товарно возило.
За жал, во оваа тешка сообраќајка животот го загуби 70-годишна жена, која веднаш по несреќата била пренесена во болница каде што им подлегнала на повредите набрзо. Мажот кој исто така бил во автомобилот поминал со полесни повреди и во моментов е хоспитализиран.
Поради возилата кои по судирот сè уште се наоѓаат заглавени на коловозот, сообраќајот на оваа делница е целосно парализиран.
На терен веќе се излезени бројни екипи на грчката сообраќајна полиција кои вршат увид за да ги утврдат точните причини за оваа трагедија.
Истовремено, полициските сили вложуваат максимални напори за да го регулираат сообраќајот и што е можно побрзо да ги отстранат уништените возила за да се нормализира протокот на автопатот.

