Маж и жена се загинатите во тешката сообраќајка, позната и нивната возраст

51-годишник од Прилеп и неговата сопатничка на 42-годишна возраст се загинатите во вчерашната сообраќајка несреќа на експресниот пат Градско-Прилеп. 

–  Околу 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило ,,фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп, информираа од МВР. 

Во несреќата, на местото, како што потврдија од полицијата починале возачот на патничкото возило ,,шкода” и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, сопатник во возилото, а смрт констатирал лекар од екипа на Итна медицинска помош Кавадарци.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „голф”, констатирани во Општа болница Кавадарци и бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршил јавен обвинител во содејтво со увидна екипа од ОВР Кавадарци.