УЈП со најново известување за сите кои скенираат фискални сметки
Почитувани,
Ве информираме дека апликацијата МојДДВ моментално функционира со повремени забавувања.
Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање.
Ви благодариме за трпението, разбирањето и довербата.
Со почит,
Управа за јавни приходи

