Утрово две сообраќајки во Македонија – првични информации

Две сообраќајни незгоди утрово предизвикаа отежнато одвивање на сообраќајот во Скопје, објави Скопје Инфо.

Првата сообраќајка се случила на скопската обиколница, во близина на клучките за Радишани и Мирковци.

Поради незгодата, сообраќајот во овој дел од градот се одвива забавено, а формирани се и колони од возила.

Втората сообраќајна незгода е регистрирана во населбата Аеродром, во непосредна близина на средното хемиско училиште, каде исто така е забележано отежнато движење на возилата.

Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица или за причините за двете незгоди.

Граѓаните апелираат до возачите да бидат особено внимателни, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да сметаат на можни доцнења доколку се движат низ овие делови од градот.