УХМР објави мапа: Силно невреме со пороен дожд, грмотевици и суградица имаме во неколку делови од Македонија

Фото: Архива

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека попладнево веќе во повеќе делови од државата има нестабилно време проследено со пороен дожд и грмежи.

Кочанско поле има појава интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер а наместа и можна појава на суградица.

Нестабилност има и Мариовскиот и Демирхисарскиот предел, претежно во планинските делови

Според прогнозата на УХМР, од утре до почетокот на следната седмица времето во претпладневните часови ќе биде сончево со променлива облачност.

Во попладневните часови, поради големата нестабилност на атмосферата, ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата.