Работник на ЕВН од Крива Паланка починал во селото Огут, кривопаланечко, додека извршувал работни задачи.
Како што соопшти МВР вчера во 13:00 часот, во ОВР Крива Паланка, од Јавната здравствена установа Крива Паланка е пријавено дека на место викано „Пољана” во с.Огут, кривопаланечко, има починато лице.
-По преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј.(52) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, кој починал додека извршувал работни задачи.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција, соопшти полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.

