Тешка сообраќајна несреќа – повредени седум лица

Една жена се здобила со тешки телесни повреди, а уште шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на патот Прилеп – Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, несреќата била пријавена на 21 јуни во 15:45 часот во ОВР Прилеп, а во неа учествувале три патнички возила – „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувана од Д.Р.(24) од селото Мусинци,

општина Могила, „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 54-годишната В.М. од Битола и „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувана од Г.М.(51) од Скопје.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила В.М., додека со телесни повреди се здобиле нејзините сопатници С.В.(37), Н.В.(40) и двајца малолетници, сите од селото Возарци, кавадаречко, како и возачите Д.Р. и Г.М.

Повредите биле констатирани во Градската болница во Прилеп, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.