Силно невреме синоќа е регистрирано во Кочани, Виница и околните населени места, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Според последните информации во 19:26 часот, невремето е проследено со поројни дождови, грмежи и засилен ветер.
Станува збор за продолжение на нестабилното време кое во текот на денот зафати повеќе делови од државата, вклучително и регионите на Штип, Неготино и Демир Капија, каде локално беше регистрирана појава на град и силни електрични празнења.
На социјалните мрежи се појави видео од силното невреме во Виница.

