Триесет и четиригодишна жена од пробиштипското село Трипатанци се повредила при извршување работни задачи во приватна компанија во индустриската зона во Кочани.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 22 јуни околу 13:50 часот,
кога од Итната медицинска помош во Кочани било пријавено дека кај нив е донесена повредената Ј.С. (34).
Според првичните информации, жената се здобила со телесни повреди додека била на своето работно место во приватна фирма лоцирана во индустрискиот дел на Кочани.
На местото на настанот увид извршиле полициски службеници од ОВР Кочани, а во испитувањето на околностите под кои се случила несреќата е вклучен и Државниот инспекторат за труд.

