Апсења низ Македонија: Приведени шест лица

Лишени од слобода шест лица во Скопје и Битола во текот на изминатото деноноќие, затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога

На 25/26.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Ј.(33), И.А.(39), С.С.(24), А.А.(29) и А.Е.(18), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.

На 26.06.2026 во 03:10 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.Н.(22) од Битола, затоа што кај него е пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.